понеделник во пламен

мали сме, мали и неважни наспроти времето… и огнот. огнени јазици за миг направија пепел од огромен дел од катедралата Нотр Дам во Париз. за само неколку часови почна да се бриши историјата, спомените, колективното сеќавање на една цела цивилизација. почнаа да паѓаат делови од објектот, а на секоја изгорена страна, купола или покрив, социјалните медиуми сѐ повеќе се полнеа со фотографии, информации, видеа. коментари од сите страни на светот. главната кула беше поразена.

на другиот крај на планетата, во Ерусалим, џамијата Ал Акса исто така беше зафатена од силата на пламените. и за тоа дознавме, малку подоцна, со огромна конспиративна теорија. дали настаните се поврзани, дали човекот е фактор, дали овие пожари на ваквите градби важни за историјата имаат за цел да ни кажат нешто?

можеби “ништо не е случајно“, но овде морам да запишам и за третиот случај – автомобилот кој во село Дабиље се запалил во движење. поврзаноста на настаните оставам да ја процените сами.

Categories UncategorizedTags

Leave a comment

Design a site like this with WordPress.com
Get started
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close