се прашувам: дали четвртоците се исти како порано? дали луѓето кои не сакаат да се мешаат со младината уште излегуваат денес и во недела, или тоа е веќе стара мода. луѓето сѐ помалку излегуваат, а примаат и сѐ помалку гости. се случува некоја тивка герила, повлекување. се нема желба за поголеми нешта, за поголеми човечки дела. како на пр. сакањето. заборавивме да се сакаме меѓу два дена, се видуваме за да собереме материјал да се оговараме отпосле, секако со соодветни слушатели кои би ни климале со глава и тогаш кога размислуваме, за да ни потврдат дека мислиме правилно.
помина денот, не знам колку деновите ќе ми бидат инспирација да размислувам за неделите, месеците, годините што следат или ќе почнам наскоро и кон нив затворено да гледам. затворски, со прешкртнување на поминатото, независно од тоа дали било добро или само… пролазно.