… помина. вообичаено, по сѐ изгледа. не знам. не забележав ништо конкретно. а да, телескопите на наса ја видоа најблиската црна дупка во универзумот, во нашата галаксија. науката оди напред, ама различните дупки што ни се појавуваат редовно пред лице ги игнорираме. дупки на патот. дупки во здравството, дупки во целиот систем. дупки во сеќавањето, дупки во запишаната историја. дупки на игралиштата. дупки во случајот наречен живот. сега ние ќе мудруваме за црната дупка. експертски. ни повеќе, ни помалку, стручно ќе елаборираме се што сме прочитале од она што ни стигнало во алгоритамот.
надреално постоење. коловозите се отворени, но сообраќајот со проверени, исправни летала е сумлив. сѐ повеќе неидентификувани модели на пазарот, го трансформираат концептот на движење. цик-цак поврзувања, како во ѕвездена мрежа. точки, а симболи – чекаат значење.