никогаш не сум се чувствувал толку тивко во животот. не е мрачно, не е тажно, нема влага, нема депресија, мигрена, киселини во желудникот. едноставно е некако празно. тивко, мирно, пространо до бесконечност. како остров, но не напуштен. како компјутер без интернет. празно како иселена семејна куќа во која сараундот сѐ уште почнува да свири кога некој ќе влезе во кулоарот со празна закачалка и огледало кое заборавило да рефлектира, туку заедно со воздухот медитира спокојно.
таков некој вторник, вторник пред пензија. или пред ново полетување. никогаш не се знае што се крие позади ќошето.